Согласно настанатата состојба со “Корона вирусот” , СУГС Лазар Танев ,согласно препораките на владата, ја прекинува наставата до крајот на вондредната состојба во нашата земја или до добивање на дополнителни информации од надлежните институции.

Што е КОВИД-19?

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.

Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во само-изолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.
  • кратко видео :

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19?

Броеви за контакт доколку имате симптоми на КОВИД-19:

ИЈЗ Скопје 078 387 194​​​​​
ЗД Скопје – Ало докторе 02 15 123
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ПЕ Гостивар 076 365 161
ПЕ Гевгелија 078 545 444

 

Како до правилна домашна само-изолација?

  • Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
  • Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
  • Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
  • Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
  • Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
  • Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
  • Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

Што доколку патувате во и од земјите со висок и среден степен на ризик?

Доколку треба да патувате во некоја од земјите кои се на листата на земји заведена со висок или среден степен на ризик, се препорачува да го одложите вашето патување, освен доколку станува збор за патување поврзано со медицински цели.

Доколку патувате од некоја од овие земји, задолжително мора да пријавите на граничната полиција дека патувате од таква земја и да започнете со период на домашна само-изолација во период од 14 дена.

Доколку во моментов се наоѓате во некоја од наведените земји препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

За подетални информации околу развојот на состојбите во Италија, македонските граѓани можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.

Со цел одржување и релизирање на наставните програми, учениците може да ги контактираат предметните професори на емаил адресите наведени на нашиот интернет портал или на следниот линк https://lazartanev.edu.mk/nastava/kadar/

Наставата продолжува да се одвива во домашни услови и сите предметни професори се достапни на наведените е-маилови , а во делот е-настава се прикачени материјали и напатсвија со цел одвивање на наставниот процес согласно настанатите услови.

 

Исто така, како информација за учениците кои полагаат државна матура и завршен испит, повеќе информации можат да најдат на следните линкови:

 

-Државна матура http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o=

– Завршен испит http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=ONZK9T02yQs=