Поради влошената епидемиолошка состојба имаме промена на работното време така да јас во училиште ќе бидам само во ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК од 11 до 14 часот во наредниов месец.
За да пријавите матура или завршен испит ќе треба да уплатите 1800 денари на жиро сметката за испит со цел на дознака за матура или завршен испит и да ја донесете за да пополните соодветна пријава во времето кога сум во училиште.Напомена дека матура се пријавува само во декември, доколку го пропуштите рокот не може да се пријави за оваа учебна година
Исто така можете паралелно да уплатите и пријавите предмети за декемвриската сесија која ќе се реализира непречено бидејќи матурата сега само се пријавува. За подетални информации за матурата и завршниот испит прочитајте во предходно соопштение за матура огласено на оваа страница.
Исто важно е да се вратат земените материјали за учење за да добиете нови. Полагањата и во декемвриската сесија ќе бидат онлајн.