Уписот на вонредните ученици за учебната 2021/22 година ќе се врши во текот на месец септември, а полагањето на испитите ќе започне од октомври. Уписот ќе го извршите во училиште со следниве документи:

Потребни документи за упис за IV година :

  • Свидетелства од I, II и III година ( фотокопии)
  • Диплома за завршено тригодишно образование (фотокопија)
  • Извод на родени (фотокопија)
  • 1 Фотографија ( 3х4 )
  • Уплатница за упис – прва рата 2500ден.(од вкупно 5000 ден. за упис)
  • Уплатница за таксена марка од 50 ден.

Уплатата треба да ја извршите на соодветните жиро сметки кои ги имате во прилог.

 

Напомена: Да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19