Училишна заедница

Училишна заедница како форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето, ја координира работата на ученичките заедници на паралелките. Целта на работата на училишната заедница е да гради демократски односи во сите сегменти на работа во училиштето. Активностите за постигнување подобри резултати се реализираат преку давање мислења и предлози за изрекување педагошки мерки, пофалби и награди, до забелешки, критики и сугестии во сите сегменти од воспитно-образовниот процес. Училишната заедница е вклучена и во организирање и реализација на општествено-корисна работа, културно-забавнен и рекреативен живот на учениците, и поширока едукација преку организирање работилници и предавања за борба против наркоманијата, сексуално преносливите болести, хигиена на менталното и физичкото здравје на учениците, и други актуелни теми. Во рамките на своите активности остварува соработка со стручни лица и институции.

Жаклина Ангелеска Костадиновски
Елена Домика