Отворен ден

СУГС “Лазар Танев“ неколку години по ред го организира настанот „Отворен ден на училиштето“. На тој ден учениците – волонтери и наставниот кадар во училиштето ги информираат заинтересираните осмоодделенци за работењето на училиштето. Отворениот ден е можност идните ученици да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, проектите и условите за работа во училиштето.