Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, со седиште на Ул. Стрезово бр. 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна www.lazartanev.edu.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
- баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на супервизија. Овие барања/иницијативи содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци на други лица вклучени во барањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за заштита на личните податоци.
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email.
3. Коментари кои корисниците доброволно ги доставуваат
Кога посетителите оставаат коментари на страницата, ние ги собираме податоците прикажани во формуларот за коментари, а исто така и IP адресата на посетителот и низата кориснички агенти на прелистувачот за да помогнеме во откривањето на спам.
Анонимизирана низа создадена од вашата е-пошта (исто така наречена хаш) може да биде дадена на услугата Граватар за да види дали ја користите. Политиката за приватност на услугата Граватар е достапна тука: https://automattic.com/privacy/. По одобрување на вашиот коментар, сликата на вашиот профил е видлива за јавноста во контекст на вашиот коментар.
4. Вградена содржина од други веб-страници
Написите на оваа страница може да вклучуваат вградена содржина (на пример, видеа, слики, статии, итн.). Вградената содржина од други веб-страници се однесува на ист начин како посетителот да ја посетил другата веб-страница. Овие веб-страници може да собираат податоци за вас, да користат колачиња, да вградат дополнително следење од трети страни и да ја следат вашата интеракција со таа вградена содржина, вклучително и следење на вашата интеракција со вградената содржина ако имате сметка и сте најавени на таа веб-страница.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: info@lazartanev.edu.mk
- преку пошта,
- по факс,
- усмено.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ние ги ангажираме како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по нашите упатства и да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
- Коментарите на посетителите може да се проверат преку автоматизирана услуга за откривање на спам;
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.