Библиотека
Училиштето има своја библиотека со богат фонд литература според потребите на редовните и вонредните ученици, но и на наставниците. Библиотечниот фонд се состои од стручна и уметничка и литература од македонската и светската белетристика, и се зголемува според можностите и потребите на училиштето. Во библиотеката се одвиваат разни активности, литературни средби и читања, состаноци на секции и Училишната заедница, и читачки проби на драмската секција.
Во рамките на реконструкциите и опремувањето на училиштето, се изврши замена на мебелот во библиотеката кој беше оштетен и дискфунционален, а континуирано се преземаат активности за целосно опремување и непречена работа, и за набавка на нова литература според можностите на училиштето и според потребите на учениците и наставниците, согласно наставните програми, но и и за поширока едукација.
Жаклина Ангелеска Костадиновски