Државна матура

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Полагањето на државна матура е неопходно за оние ученици кои своето образование сакаат да го продолжат на државните и на повеќето од приватните универзитети. За повеќе информации консултирајте го сајтот www.matura.gov.mk или обратете се на факултетите за кои сте заинтересирани.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура се состои од испит по 5 предмети меѓу кои и проектната задача. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување на матурата, најпрво треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор, а потоа да предадат комплетно пополнета пријава кај класните раководители.

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите редовни и вонредни ученици од четврта година дека од 03.12.2019 започнува пријавувањето на државна матура.

Рокот на пријавување на државна матура за јунски испитен рок  трае до 27. 12. 2019.

Вториот рок за полагање на Државна матура е во август, но пријавувањето е само за тие што паднале некој испит во јуни и се врши по објавувањето на резултатите во јули.

Уплатата за вонредните ученици за пријавување на државна матура, и завршен испит изнесува 1800 денари(на жиро сметката за испити).

Календар за полагање во јунски испитен рок:

Македонски јазик  30.05.2020
Странски јазик 11.06.2020
Бизнис, историја 13.06.2020
Математика 15.06.2020
Интерни испити

од 16.06.2020 до 30.06.2020

Проектна задача од 11.03.2020 до 22.04.2020

 (ќе се направат списоци со прецизни датуми)

 

Календар за августовски испитен рок:

Македонски јазик 11.08.2020
Странски јазик 12.08.2020
Бизнис, историја 13.08.2020
Математика 14.08.2020
Интерни испити од 17.08.2020 до 21.08.2020
Проектна задача од 19.08.2020 до 25.08.2020

(ќе се направат списоци со прецизни датуми)