Завршен испит
Се известуваат сите редовни и вонредни ученици од четврта година дека од 01.12.2020 започнува пријавувањето на државна матура.
Државната матура се состои од испит по 5 предмети 3 екстерни и 2 интерни меѓу кои и проектната задача. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување на матурата, најпрво треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор, а потоа да предадат комплетно пополнета пријава кај класните раководители.Проектната задача треба да се одбере најдоцна до 1.12.2020 за да може да се изврши пријавувањето.
Рокот за пријавување на државна матура е од 1.12.2020 до 15. 12. 2020.
Матурата се полага во два рока: јунски(проектната задача е во март, април), а вториот рок за полагање на Државна матура е во август, но пријавувањето е само за тие што паднале на некој испит во јуни и се врши по објавувањето на резултатите во јули.
Уплатата за вонредните ученици за пријавување на државна матура, и завршен испит изнесува 1800 денари(на жиро сметката за испити).
Полагањето на државна матура е неопходно за оние ученици кои своето образование сакаат да го продолжат на факултет. За повеќе информации консултирајте го сајтот www.matura.gov.mk или обратете се на факултетите за кои стезаинтересирани.
Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година
Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:
29.05.2021 – македонски јазик и литература
05.06.2020 – англиски јазик, француски јазик, германски јазик
11.06.2021 – се полага историја или бизнис
14.06.2021 – математика;
Сите испити се со почеток во 10:00 часот.
Термините за интерните испити и проектната задача дополнително ќе бидат објавени
Завршен испит за четиригодишно образование
Завршниот испит се состои од испит по 3 предмети, македонски јазик, изборен стручен предмет и проектна задача. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување завршен испит треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор,најдоцна до 1.12.2020 а потоа да предадат комплетно пополнета пријава, која ќе може да ја најдат кај класните и референтот за вонредни испити.
Завршниот испит може да се полага во два испитни рока Јунски и Августовски.
Пријавувањето за Завршен испит за јунски испитен рок, започнува од 01.12.2020до 15.12.2020 а вонредните ученици што се запишале подоцна, може да се пријавуваат до 1.03.2020.
Пријавувањето за вториот рок е во мај и трае до 1.06. 2020.
Уплатата за вонредните ученици за пријавување на завршен испит изнесува 1800 денари(на жиро сметката за испити).
Учениците изработената проектна задача треба да ја предадат најдоцна до март, а ќе ја бранат / полагаат на крајот на март и почетокот на април, по претходно објавен распоред. Проектната задача се брани, независно дали учениците(вонредни) имаат уште предмети за полагање, а останатите предмети од завршниот испит се полагаат во јуни само ако ученикот ги положил сите предмети од IV година.
Завршен испит за тригодишно образование
За полагање на завршен испит има три испитни рока (јунски, августовски и јануарски), а испитот се состои од 2 предмети- македонски јазик и практична настава