Соработка

Училиштето има развиена соработка на:

 

Локално ниво

Со социјалните партнери и установи од струката меѓу кои: со угостителско-туристичката дејност во градот преку изведување на практична настава на нашите ученици во нивните објекти, со Стопанската комора на Република Северна Македонија, со Занаетчиската комора на Град Скопје, со општината Карпош, со Градското собрание и со Кабинетот на градоначалникот.

 

Републичко ниво

Со други училишта (со угостителско-туристичките училишта во Република Северна Македонија и со Заедницата на средни училишта во градот и општината), стручни институции (ученичките домови, интернати и домови за деца без родители каде што престојуваат наши ученици), Министерството за образование.

 

Меѓународно ниво

  • Нашето училиште е член на Европската асоцијација на училиштата за угостителство и туризам (АЕХТ) преку која се отвораат нови можности за развој на разни активности и соработка;
  • Преку ФАРЕ (ГОПА) програмата воспоставена е соработка со угостителско-туристичкиот оддел на Техничкиот колеџ од Алборг – Данска;
  • Обновена е соработката со ЕУХОФА (Светска организација на угостителски училишта);
  • Плодна соработка со американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и учество во проектот СЕА (активности во средното образование), со Украинската амбасада, за размена меѓу Украина и Република Северна Македонија, со Американската и Британската амбасада, со цел учениците да го усовршат јазикот;
  • eTwinning – Заедница на училиштата во Европа.