Врз основа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија објавен од Министерство за образование и наука, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ – Скопје за запишување на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година ден 07.04.2026 година, го објавува следниот
ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО I (ПРВА) ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА
Во учебната 2026/2027година во Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ – Скопје, во прва година ќе се запишат 340 ученици распоредени во 10 паралелки (272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
Сектор Угостителство и туризам – 306 ученици, 9 паралелки
| – хотелско-туристички техничар
(македонско-француска билингвална паралелка) |
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум |
| – хотелско-туристички техничар | алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум |
| – угостителски техничар / хотелско-ресторански техничар | мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум |
| – техничар за настани и анимации | мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум |
| – готвач | мак 102 уч. 3 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум |
| – келнер / слаткар | мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум |
| – келнер / слаткар | алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум |
Сектор Хемија и технологија – 34 ученици, 1 паралелки
| – пекар / месеопреработувач | мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум |
Паралелките кои се со комбинација од две квалификации ќе се оформат со двете квалификации само ако се запишат минимум 25 ученици, во спротивно ќе се оформи паралелка за квалификацијата за која има поголем интерес на ученици согласно позитивните законски норми.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во училиштето во учебната 2026/2027 година ќе се врши под услови и на начин утврден во Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и овој конкурс.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирислкото писмо.
За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
Услови за запишување на учениците во прва година се:
- да имаат завршено основно образование
- да не се постари од 17 години
- да се определиле за план и програма за еден од профилите во овој конкурс
- да ги исполнуваат критериумите утврдени во овој Конкурс
Критериуми за избор на ученици се:
- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење на струката т.е. биологија и географија за сектор угостителство и туризам, и хемија и математика за сектор хемија и технологија струка)
- дипломи за освоени (I, II, III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и геогрфија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје.
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатниот превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината односно регионот.
Доколку во училиштето се пријават поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во конкурсот, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение од предметите мајчин јазик и математика.
Бројот на поени за средниот успех од VI од IX одделение се добива кога средниот успех од VI, VII, VIII и IX одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10. Ученикот може да добие најмногу 50 поени.
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
- за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени
- за освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволитено поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел од овој Конкурс.
Училиштето по првото пријавување може да го намали утврдениот број на минимум поени дадени во конкурсот за најмногу до 10 поени.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определениот план и програма.
Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:
- за второто пријавување на 28 јуни 2026 година
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерство за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки Schools.mk.
По успешното електронско пријавување, учениците во училиштето ја доставуваат следната документација:
- Пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
- Оргинални свидетелства од VI до IX одделение,
- Дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II, III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје,
- Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
(Напомена: На пријавата за упис на кандидатот, задолжително да се напише телефонскиот број за контакт за кандидатот)
КОНКУРСНИ РОКОВИ:
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во ЈУНСКИ УПИСЕН РОК со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерство за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки Schools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците се врши од 00:00 часот на12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни 2026 година од 08:00 часот до 19.00 чаот и 17 јуни 2026 година од 08:00 часот до 15:00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18јуни 2026 година најдоцна до 12:00 часот на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објаваи истиот ден на на јавно место во училиштето и/или на училишната инернет страница.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08:00 до 15:00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 29 јуни2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето.
Августовски уписен рок:
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две пријавувања.
Пријавување на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00:00 часот до 15:00 часот електронски.
Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2026 година од 08:00 часот до 14:00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на истиот ден,најдоцна до 19:00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
Учениците и нивните родители/старатели имаат право на приговор, во рок од 12 часа по објавувањето на конечната ранг листа, а Училишната комисија решава по поднесените приговори во рок од 12 часа по истакнувањето на ранг листата.
УЧИЛИШНА КОМИСИЈА
Претседател,
д-р Небојша Вуковиќ