Историјат
Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев”, е основано 1949 година со решение на Владата на НРМ по предлог на Комитетот за угостителство и туризам. При формирањето се мислело училиштето да квалификува КВ кадар за угостителство од сите профили: келнери, готвачи и слаткари. Бројот на учениците во првите години бил мал, а со зголемувањето на потребите од угостителски кадар се зголемувал и бројот на учениците.
Училиштето работело една учебна година во Охрид, потоа во Битола, а од 1950/51 во Скопје на ул. “Огњан Прица” бр. 5.
Од октомври 1986 Центарот се префрли во адаптираните простории на поранешното основно училиште “Владо Тасевски”, каде што и денес се наоѓа.
На 28.03.2006 година настанува промена на името на училиштето (Средно училиште на Град Скопје “Лазар Танев”) и истото преминува во надлежност на Град Скопје.
Од учебната 2008/2009 година се отвори паралелка од хемиско-технолошката струка од образовниот профил пекар.