Кетеринг
Сите угостителско-туристички профили се инволвирани во изведување на практична настава во угостителско-туристичките објекти во градот и во изведба на КЕТЕРИНГ УСЛУГИ за приватни лица, државни институции, општини, фирми, компании, училишта, амбасади и други корисници.
Во подготовката и изведбата на кетеринг услугите се вклучени професорите по стручните предмети, учениците како дел од нивните часови по практична настава во кабинетите и во производната работилница која работи во состав на училиштето.