Платформа за настава од далечина

Со моменталната состојба и опасноста од вирусот COVID-19, наштето училиште СУГС „Лазар Танев“ се пренасочува кон часови преку Интернет со користење на платформата за настава од далечина. Наставата и учењето ќе се одвива од дома за сите ученици и наставници.

Чекор 1 : Пристапете до платформата за настава од далечина

При кликање на линкот долу ќе бидете пренасочени на платформата Google Drive for Education.

Линк до платформата

Чекор 2 : Изберете го вашиот клас

Од листата на папки ја избирате папката на класот во кој припаѓате.

Чекор 3 : Изберете предмет

Изберете ја папката на предметот кој сакате да го учите.

Чекор 4 : Пристап до материјали

Во папката на секој од преметите вашите професори ќе ги прикачуваат сите потребни материјали (документи, презентации, слики, видеа). Вие можете да ги прегледувате материјалите или да ги симнете на вашиот компјутер.

Чекор 5 : Учете и прашувајте

Учете од дома и доколку имате било какви прашања до вашиот професор можете да ги контактирате преку е-пошта. Листата на е-пошта на сите професори можете да ја најдете на следниот линк:

Листа на кадар со контакт податоци

Контакт со кадарот

 Вашите професори и останатиот кадар можете да ги контактирате преку електронска пошта. Листата на кадарот и нивните контакт податоци можете да ги видите преку линкот подолу

Сооштенија

Сите соопштенија ќе бидат објавени на веб страницата на училиштето во делот НОВОСТИ.

Линк до НОВОСТИ

Видео конференција

Системот за учење од далечина нуди и можност за видео конференција каде што може интерактивно да комуницирате со професорот. Ако овој начин на настава го избере вашиот професор и од него ќе добиете повеќе соодветни информации за неговото користење.

Упатство за користење од страна на ученици

Имате повеќе прашања?