Еко градина

Соработката на СУГС Лазар Танев со Слоу Фуд организацијата започна 2009 год. Преку проектот Училишна кујна. Василка Стефановска и Анета Мострова со разни училишни активности придонесоа кон зајакнување на овој проект на интернационално ниво.

Соработката продолжи и 2013 год. Слоу Фуд Интернационалната организација донираше одредени средства за воспоставување на училишна градина во СУГС Лазар Танев. Неуморно се работеше и сонот го остваривме.

Целиот материјал кој го употребивме е од природни материјали, дел се рециклирани стари дрвени ролетни, делови од фискултурната сала кои беа фрлени во отпад. Од кукиштата од старите компјутери направивме жардинери и саксии кои Маја Стефановска уметнички ги збогати.

Единствената цел за постоење на оваа градина е учениците самостојно да одгледуваат намирници кои ќе можат да ги употребуваат во кујната. Се разбира дека тоа се мали количини но доволно за да служат како нагледни средства.

Бројот на наставниците кои се активираа во градинарските активности се зголемуваше. Па така голем удел за постоење на градината дадоa Сунчица Јовановска, Валентина Богоевска,Зорица Андонова, Валентина Велковска, Влахова Крстина, Емилија Тодоровиќ, Лидија Кузмановска, Маја Стефановска и други.

Интересот на учениците е голем, треба да се мотивираат, а затоа што голем дел доагаат од рурална средина искуство имаат па дури многу учевме од нив.

Секцијата Љубители на здрава, традиционална храна е носител на градинарските активности