Уписот на вонредните ученици за учебната 2021/22 година ќе се врши во текот на месец септември, а полагањето на испитите ќе започне од октомври. Уписот ќе го извршите во училиште со следниве документи:
Потребни документи за упис за IV година :
- Свидетелства од I, II и III година ( фотокопии)
- Диплома за завршено тригодишно образование (фотокопија)
- Извод на родени (фотокопија)
- 1 Фотографија ( 3х4 )
- Уплатница за упис – прва рата 2500ден.(од вкупно 5000 ден. за упис)
- Уплатница за таксена марка од 50 ден.
Уплатата треба да ја извршите на соодветните жиро сметки кои ги имате во прилог.


Напомена: Да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19