Одбележан светскиот ден на туризмот


 

По повод 27ми септември, по покана на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, во просториите на хотел Мериот, учество земаа ученици и наставници од СУГС „Лазар Танев“ – Скопје.

Светскиот ден на туризмот е денот кога е усвоен статутот на Светската туристичка организација во 1970 година, а е воспоставен со цел подигање на свеста и важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности.

Одбележувањето на овој значаен ден оваа година е под мотото ,, Одржлив туризам и развој на локалната заедница,,, мото кое истовремено е заедничка цел на СУГС,, Лазар Танев,,, УТМС и Хотел Мериот со желба за продлабочување на досегашната соработка во иднина.

Поглед од Претседателскиот апартман во Хотел Мериот