СООПШТЕНИЕ ДО МАТУРАНТИТЕ
Почитувани матуранти,
Ве известуваме дека учениците од СУГС „Лазар Танев“ – Скопје екстерните матурски испити во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат на:
Педагошки факултет – Скопје
Ве молиме да бидете присутни на локацијата најдоцна до 08:00 часот, односно еден час пред почетокот на испитот, на 12 август и/или 14 август 2026 година, согласно распоредот за полагање.
Не заборавајте да понесете:
-важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
-прибор потребен за полагање, согласно упатствата за државната матура.
Ви посакуваме успешно полагање!