СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

 

Уписот на вонредните ученици за учебната 2020/21 година ќе се врши во текот на септември месец , а испитите ќе започнат од октомври. Уписот ќе го извршите во училиште со потребните документи и тоа во среда и четврток 11,00 до 14,00 часот( во текот на цел септември).

За упис потребни ви се следниве документи: фотокопија од Свидетелства од I, II, III година, и Диплома, фотокопија од Извод на родени и мала фотографија. Исто така треба да доставите и уплатници  за упис 2500 денари и 50 денари за таксена марка.Уплатата треба да ја извршите на соодветната жиро сметка која ја имате подолу.

Напомена: да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19