Соработката и учеството во проектот претставува одлична можност, како за учениците, така и за наставниот кадар од нашето училиште.

Целта на посетите беше да се промовираат последните повици за ученици и наставници во Шпанија, Полска и Италија. Првиот дел од промотивниот настан опфати кратка презентација на проектот, сесија за прашања и одговори како и споделување на претходни искуства од наставници и студенти кои веќе заминале во странство со мобилности во рамките на проектот.